Голем дел од Скопје денес без струја


Без струја од 09:30 до 11 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Дебарца“, „Дане Краплев“ и „29 Ноември“ во општина Центар.

Во периодот од 09 до 16 часот без струја ќе бидат станица Зелениково и селата Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино, Смесница, Пакошево, Стахојадица и Ново Село во општина Зелениково.

Од 11 до 15 часот без електрична енергија ќе остане хотел „Вергина“ на улица „Скупи“, а од 09:30 до 12 часот жителите од улиците „Козле“ и улица „1“ во општина Карпош. Од 09 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани од улиците „Букурешка“ и „Варшавска“.

Во периодот од 08 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од улица „Леринска“ од бр. 49 до 87, улица „Козле“, од бр. 73 до 85, улица „Стрезово“ од бр. 18 до 32 и Германската амбасада.

Како што информира РЦУК – Скопје, овие прекини се поради технички зафати во електро системот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1