Не кршете раце во вторник и четврток – нема лекар на смена


Во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ ра­бо­тат са­мо трој­ца тра­у­ма­то­ло­зи. Амбулантата е отворена за пациенти со скршеници само во по­не­дел­ник, сре­да и пе­ток.

Во дру­ги­те де­но­ви па­ци­ен­ти­те со скр­ше­ни­ци ги при­ма­ат во ур­ген­тна­та ам­бу­лан­та и де­ка ако има пот­ре­ба, или ги за­др­жу­ва­ат во бол­ни­ца или ги пуш­та­ат на до­маш­но ле­ку­ва­ње., вели Д-р Јас­ми­на Ча­бу­ков­ска, ди­рек­тор на кли­ни­ка­та за хи­рур­шки бол­ни­ци “Св. На­ум Ох­рид­ски”.

Дури 43 лица кои добиле скршеници движејќи се по замрзнатите улици и тротоари во изминативе два дена се јавиле во оваа клиника.

Пет пациенти се за­др­жа­ни во бол­ни­ца, а ос­та­на­ти­те се пуш­те­ни до­ма. Ме­ѓу пет­те па­ци­ен­ти е и ед­но де­те со скр­ше­на под­лак­ти­ца, а ос­та­на­ти­те се со скр­ше­ни­ци на над­лак­ти­ца, пот­ко­ле­ни­ца, колк и кон­ту­зи­ја на гла­ва. Си­те тие ќе би­дат хи­рур­шки тре­ти­ра­ни.

Во Градската општа болница „ 8 Септември“ завчера се јавиле 13 граѓани, осуммина биле задржани на одделот за трауматологија.
На Универзитетската клиника за трауматологија завчера биле примени 10 пациенти о скршеници.

Лекарите велат дека при падот најчесто страдаат колковите, подлактници и надлактници, како и глуждовите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1