20 годишна девојка е уапсена на аеродромот во Барселона при обидот да внесе кокаин во Шпанија, дрогата била скриена во нејзините гради.
Девојката летала од Богота, каде имала операција за зголемување на градите, но, место силиконски импланти, под кожа и ставиле кокаин. Полицијата се сомнева дека девојката која е државјанка на Панама била принудена на операцијата од припадници на колумбиски картел.
таа била однесена во болница каде што и се извадени имплантите, во градите имала вкупно 1,3 килограми кокаин во запечатени кеси.