Изум – Чаши што ја менуваат бојата ако некој ви стави дрога


Компанија во Бостон создаде чаши направени од материјал кој што ја менува бојата кога доаѓа во контакт со дрога, па така доколку во чашата со напиток, некој ќе се обиде да ви подметне некаква супстанца, со оваа чаша ќе можете да го откриете.

Основачот Мајк Абрамсон планира да го зголеми обемот на производство и на различна друга стакларија, лажички и цевчиња, а намерата му е како што вели да ја намали стапката на силувани девојќи.
„Во последните три години, три од моите блиски пријатели беа нападнати, а беа жртва на подметнат пијалок и зашеметени“, изјавил Абрамсон во видеото со кое обезбедил финансиски средства за производството.
Компанијата се обидува да подигне 50,000 долари за да може да произведе чаши и сламки и да почне со нивна продажба преку интернет.

Се надева дека негови најголеми клиенти ќе се клубовите, рестораните и кафулињата, со цел да ги заштитат своите посетители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1