Унгарија ја призна Македонија под уставното име. Информацијата ја потврдија и од македонското МНР.
,,Ова е уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји,, велат од МНР
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.