Интелегенцијата сме ја добиле по грешка – тврдат научници


Научници од Универзитетот во Единбург дошле до заклучок дека луѓето и другите цицачи еволуирале и станале интелегентни благодарение на генетска незгода пред 500 милиони години што се појавила кај простите безрбетници.
intelegencijaЕволуцијата на гените, која се случила пред 500 милиони години, ни овозможило можност за учење на комплексни вештини, анализирања на ситуациите и флексибилност на начините на размислувања.
Еден од најголемите научни проблеми е објаснувањето за тоа како во текот на еволуцијата се појавила интелегенцијата и комплексното однесување“, изјавил професорот Сет Грант, водач на истражувањето од Универзитетот во Единбург.
Истражувањето се покажало во директна врска меѓу еволутивното однесување и менталното пореметување. Научниците веруваат дека оние гени кои го подобруваат менталниот капацитет се одговорни и за големиот број на ментални пореметувања.

„Ова истражување ќе има големо влијание на тоа како ја сваќаме појавата на менталното пореметување, а овозможува и можност на развивање на нови терапии“, изјавил Џон Вилијамс, шефот на фондацијата за ментално здравје „Trust“ која била една од финансиерите на истражувањето.
Истражувањето се покажало дека интелегенцијата кај луѓето се развила и како зголемување на бројот на мозочни гени кај нашите предци.

Научниците тврдат дека некој едноставни безрбетни животни, кои живееле во морето пред 500 милиони години, доживеале генетска незгода, чиј резултат било создавање дополнителни мозочни гени. Создавањето на тие додатни гени довело до еволуција на софистицирани безрбетници вклучувајќи ги и луѓето.
Научниците ги проучувале менталните способности и на глувци и на луѓе. Откриле дека комплексните ментални функции и кај луѓето и кај глувците контролираат исти гени.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1