Глушец го изгризал скапиот томограф во болницата – Лекарите во Струмица ќе мора да го бркаат


Единствениот томограф во струмичката болница, го гризеле глувци, сите кабли биле изгризани и опремата не работи, објавува Вест.

glusec kabelЛекарите и медицинскиот персонал за да повторно го добијат скапиот апарат мора прво да го фатат глушецот, според пишувањата на Вест така им рекле сервисерите.

Апаратот за длабинско снимање на телото кој се употребувал и бил во функција, одеднаш откажал, од болницата биле повикани сервисери. Откако дошле тие откриле дека сите кабли внатре се изгризани. И за да се сменат треба прво да се најде глушецот за да не се случи да ги изгриза пак и новите кабли.

Директорката на струмичката болница потврдила дека томографот не е во функција, но рекла дека нема информации дали стаорец се шета по 1,6 милиони евра скапиот дијагностички центар.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1