Пратеничка од Шпанскиот парламент викнала на целиот глас „еб*те се сите“ веднаш по најавените мерки за штедење од страна на премиерот Маријано Рахој.
Шпанската јавност ваквата порака од страна на Фабра ја сфатија како порака до незапослените Шпанци, поради тоа што поголемиот дел од мерките се однесува на незапослените граѓани. Фабра призна дека пцуела во собранието но немала никаква намера да испрати порака со која што ќе ги омаловажи граѓаните на Шпанија кои во моментов се без работа.