Граната разнесе мајка и три деца додека спиеле



Мајка и нејзините три деца загинале на лице место додека таткото е тешко ранет по испалена граната која експлдирала во една селска куќа на северозападен Пакистан, кај границата со Авганистан.

Нападот се случил во селото Шаикан во предградието на Пешавара каде што постојано има препукувања меѓу пакистанската војска и борците на таканаречениот „господар на војната“ Мангал Багха и неговата Лашкар е Ислам фракција.
„Жртвите спиеле. Мајката и нејзините три деца загинаа на лице место“, изјавил висок полициски офицер Шафиулах Кан за агенцијата АФП.
За времето додека спиеле убиени се две девојчиња и едно момче на возраст од две до девет години. Кан наведе дека засега не е јасно од каде испалила минофрлачката граната која завршила во домот на пакистанското петчлено семејство. Во овој регион повеќе од 250,000 луѓе побегнале поради постојаните конфликти во Кибер место кое што се смета за најголемо засолниште на припадниците на Ал Каеда.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1