Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се онесвестила и се здобила со потрес на мозокот. соопшти денеска портпаролот на Клинтон, Филип Рејнс.
Според информациите патела од стомачен вирус деновиве, дехидрирала и се онесвестила. Од падот ја удрила главата и доживеала потрес на мозокот. Била хоспитализирана во саботата и сега закрепнува во својот дом.
На препорака на своите лекари „таа следната недела ќе продолжи да работи од дома и ќе остане во редовен контакт со Стејт департментот и другите функционери“, додаде Рејнс.
Клинтон минатата недела заради болест го откажа патувањето за Северна Африка.