Младиот претседател на Северна Кореја Ким Џонг Ун (29) лично наредил лансирање на ракетата Unha-3, која го однесе метереолошкиот сателит во орбитата, а потоа на мира си запали цигарче.
Фотографиите ги објави националната агенција KCNA.
Ким седел зад централната маса во центарот за лансирање во Пјонгјанг. Со телефон кој веќе не се користи никаде на светот ја издаде наредбата за лансирање а потоа си запали цигарче и на мира гледаше на големиот екран како се движи ракетата.