Најновото истражување открива дека неколку капки на шеќерен раствор може да ја ублажи болката на бебето кое прима инекција или вакцина.
Податоците кои ги има објавено компанијата „Cochrane“ се собрани за потребите на 14 студии, во кои биле вклучени повеќе од 1500 бебиња. Во новото истражување е утврдено дека бебето плаче значително помалку и со далеку послаб интезитет, доколку пред вакцинацијата добие неколку капки шеќерен раствор.
Лекарите додаваат дека уште поодамна е познато дека шеќерот разблажен во вода, може да го смири бебето. Инак поголемиот број на бебиња пред својот прв роденден примаат дури десет различни вакцини.