Со велосипед до крајот на светот, забави за дочек на судниот ден и мајски пасоши за патување низ апокалипсата, се само дел од зафатите на Јужна и Централна Америка, кои од 21 декември направија вистински туристички хит на годината.
Големата распостранета легенда за завршување на календарот на Маите и апокалипсата која ќе се случи го освои целиот свет, а мудрите Латиноамериканци во тоа гледаат одлична можност за заработка.
„Мајанизацијата“ ги зафати бројните туристи од сите меридијани, па поради тоа Мексико и Гватамела оваа година на сметка на крајот на светот забележале пораст на заработката од туризмот, и тоа до десет проценти повеќе во однос на минатата година.
Владата на Мексико ја осмислила кампањата „Mundo Maya 2012“, која вклучува голем број на прослави и атракции, со цел се повеќе туристи да пристигнат во таа земја. Смислена е претстава „Day Zero festival“, кој ќе трае 24 часа пред одлучувачкиот момент на 21 декември Во приморското место Plaja del Karmen е изграден сосема нов забавен парк. Петнаесети декември ќе започне седумдневната велосипедска трка која заинтересираните ќе ги води во обиколка на џунглата и древните остатоци на полуостровот Јукатан.
Belize малата тропска држава во Централна Америка се придружила на прославата пуштајќи во промет посебен Мајски пасош 2012, кој на туристите им овозможува посебен попуст во периодот од 21 декември минатата година до 21 декември годинава.
Владата во оваа земја за прв пат дозволи кампување на археолошкото наоѓалиште Каракол, и тоа за време на ноќта меѓу 20 и 21 декември
Лудилото на Маите ја зафати Гватамела, а во градот Тпачули е поставен голем часовник кој ги одбројува последните минути од нашето постоење. На наоѓалиштето Тикал е ораганизиран самит на кој ќе настапат U2 и Брус Спрингстин Министерството на култура организира посебно изненадување во Гватамела Сити каде се очекува да присуствуваат повеќе од деведесет илјади луѓе.