Пазете се од крцкања и кристално чисти врски. Доколку врската по телефон додека разговарате ви е кристално јасна, тогаш би требало да бидете загрижена, затоа што постои голема веројатност дека „големиот брат“ ве слуша.
Меѓутоа доколку во мобилниот телефон слушате ехо или чудно крцкање, или имате друга боја на гласот, тоа може да биде знак дека „големиот брат“ го пресретнал вашиот разговор, затоа што сте употребиле некоја за него примамлива реченица или збор, како на пример роба, брашно, комбинација, кило или пак некој арапски збор.
Така службите реагираа и на имиња или прекари на криминалци по кои се трага, како и на имиња на поедини политичари и богаташи кои се на мета на државните служби. Тоа се обично личности склони на тероризам, криминал, трговија со луѓе и политичари, но и обични смртници можат да „упаднат во системот“, доколку стапа во контакт со личностите кои се прислушкуваат. Службите кои тоа го работат се BIA, VOA, VBA, а тука се и посебните оделенија во министерствата за надворешни и внатрешни работи.
До 2009 година налог за прислушкување на разговорите можел да издаде началникот на службата на основа на сомнение, а денес може ова да го издаде и обвинителот во соработка со судот.
„Личноста која е прислушкуваат не се безбедни дури ни кога ќе ја одвојат батеријата од мобилниот, затоа што таа опрема која ја користат нашите служби е софистицирана и мое во такви случаи да се слуша разговорот и лоцира апаратот во круг од 10 метри“, наведува неименуван извор од безбедносните служби.
Може да се случи за еден прислушкуван број, за кој е издаден налог, истрагата да се прошири на уште стотина луѓе кои со телефонот разговараат со личноста со тој број, но потоа се обработуваат податоците на тој број односно личност које е занимлива за службите. Често се случува сите служби, а тоа и да не го знаат, да прислушуваат иста личност.
Прислушкувањето не може да се избегне!
Прислушкувањето не може да се избегне и покрај пречките кои постојат на пазарот, затоа што опремата која се користи во службата, редовно се менува во склоп на напредната технологија.
Службите во секој момент можат да знаат каде се наоѓате доколку користите мобилен телефон Постои опрема на пазарот која служи за детектирање на прислушните уреди, но нејзиното набавување го контролира службата и тоа воглавно помалку функционира.
Големиот број на луѓе во службата се сопственици на приватни агенции кои работат на откривање на уредите за прислушување Се случува тие агенции да достават извештаи на службите за лицата кои ги ангажирале од страв дека се прислушувани
.