Мала трошна собичка, полна влага, тука Јоца Смуџин со својата љубов живеел 28 години. Пред 2 дена таа починала, а Јоца 2 дена спиел, очаен и во болка до нејзиното мртво тело.
,,Секое утро на мојата Љубица јас и варев кафе, така и пред два дена. Го сварив и го ставив до креветот да и е на дофат на рака. И викнав, ајде Љубице ќе се олади кафето. Не реагираше. Ја допрев и видов дека е мртва,, раскажал за телеграф неутешниот Јоца.
Тој за смртта на Љубица Богдановиќ ги известил службите, дошле констатирале смрт, но потоа никој не се појавил да го земе телото за погребување.
,, спиев крај неа, немав каде. Ги чекав за да дојдат да ја земат, достојно ја погребаме, но никој не дојде. Не ми беше страв, па јас ја сакав таа жена, не ми беше страв но се чуствував очајно.
Немале ништо – но имале многу љубов!
Нивната приказна започнаа пред 28 години во фирмата Телеоптик во Земун каде двајцата работеле.
,, беше многу убава, о колку убава беше да знаете.Таа беше чистачка а јас мајстор. Беше постара од мене 11 години, но нема врска, многу се сакавме и одлучивме да живееме заедно. Јас дојдов овде во оваа собичка за да живеам со неа,, раскажува Јоца со блага насмевка додека се присетува на убавите времиња.
Не ни беше лесно, гледате од тогаш до денеска во ова мало собче. Мувла, влага, тешко и кога бевме млади, тешко и до крајот, но ова собче беше преполно љубов, вели Јоцо
Речиси 3 децении Љубица и Јоца ја делеле оваа собичка. Таа боледувала од астма, а тој од епилепсија. Делеле љубов, делеле болест и сите работи кои животот им ги носел.
,, пред некој ден падна на подот, беше болна, се собра на купче на подот. Едвај ја подигнав на креветот. Се надевав дека ќе и биде подобро, но не беше. Вели овој човек со солзи во очите.
Неговата Љубица денеска ја земале од погребното претпријатије. Засекогаш си замина од Јоцо. Љубица почина на 72 години.
Од претпријатието за Телеграф тврдат дека немале информација за починато лице, а штом ја добиле веднаш дошле по покојната.