Со Чоколадо против кашлање?


Со само неколку коцкички чоколадо дневно ке ја избегнете непријатната кашлица.
Хемикалијата теобрoмин, која е состојка на какаото од кое што се прави чоколадото, наскоро би можела да биде искористена во производство на лек против кашлање, соопштија научниците.за подобар ефект земете црна чоколада .

Chocolate_620x0Во тек се завршните клинички тестови на лекот кој содржи теобрoмин, a британските научници велат дека препаратот на пазарот може да се појави за две години, пренесува BBC.

Повеќето сегашни лекови против кашлање, како што се сирупите, се засновани на кодеун, кој спаѓа во наркотици.

Британските научници сметаат дека луѓето помлади од 18 години не би требало да ги земаат лековите засновани на кодеин, бидејќи ризиците ја надминуваат користа.

Истражувачите наведуваат дека ваков проблем не би требало да постои кај лечењето со теобрoмин, а бидејќи оваа супер супстанца нема вкус би можеле да ја земаат и луѓето кои не сакаат чоколадо.

Теобрoминот делува така што го блокира нервот вагус, кој ја има клучната улога во активирање на постојаното кашлање.

Приватната британска компанија SEEK во моментов ги спроведува завршните тестови на лекот со ознака BC1036

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1