IBM: Компјутерите ќе можат да гледаат, слушаат, вкусат, допрат (Видео)


Според IBM многу скоро – во следните пет години, компјутерите ќе бидат во можност да ги имаат сите сетила како и човекот. Да чујат, видат, допрат, вкусат, мириснат, пишува Mashable.

9d8c848c_lobot1На „5 in 5“ листата во која IBM ги предвидува петте компјутерски трендови за следните пет години, се наведени петте човечки сетила.

„Тоа значи дека ќе мора да се смени начинот на кој компјутерите ги собираат податоците“ – вели Берни Мејерсон, заменик-претседателот на делот за иновации на IBM.

Секогаш кога ќе се спомнат сетилата за машините се појавуваат слики на андроиди и самосвесни компјутери кои би биле способни за независна мислење и независно делување, но Мејерсон појаснува дека постои огромна разлика која ги разделува когнитивните компјутери од вистинската вештачка интелигенција.

Според него оваа технологија би требала да се користи за да се олесни работата, а не е програмирана за да развие сопствени мисли и да функционира независно.

„Идејата е да функционира со корисни одговори за корисниците. Но, ако со сетилата ја перцепира околината, ќе не ослободи од потребата да го програмираме, и ќе не насочи кон тренирање на компјутерите“ – вели Мејерсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1