Облекол девет панталони и 60 кошули само за да не плати за багаж!


bagaz Багажот понекогаш навистина може да засмета, па затоа еден Кинез смислил оригинален начин да се ослободи од него за време на патувањето. Тој на аеродромот се појавил без куфери, но на себе имал 70 парчиња облека, облекол буквално се што планирал да понесе.

Неименуваниот човек кој патувал од Кина за Кенија, сакал на овој начин да ги избегне трошоците за вишокот багаж. Вработените на аеродромот го повикале на разговор, и забележале дека тој на себе има 60 кошули и маици и девет пара панталони.

Бидејќи заборавил да ги испразни џебовите за време додека поминувал низ детекторот за метал се активирал алармот неколку пати па морал да ја соблече целата облека од себе.

Полицијата во неговиот џеб пронашла батерии и полначи за неколку различни уреди.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1