Еден Германец дефинитивно ќе биде запамтен како првиот татко кој поради плачењето на своите деца повикал полиција и барал помош.
Всушност, тој останал сам дома со петмесечни близнаци и двегодишна ќерка. Децата одненадеж почнале да плашат и не престанале наредните неколку часа. Бидејќи не знаел што да направи, потполно очаен Германецот повикал полиција во баварскиот град Вајдена и побарал помош.
Полицајците го сослушале и се обиделе да му дадат по некој совет, но немало место за нивна интервенција. Мајката во тие моменти била недостапна.










