Ќе ослепела по депилација на веѓите (Фото)


article-2249953-169037FF000005DC-356_634x470

Наташа Хеншоу (25) без претходно да изврши тест за алергиска реакција, речиси ќе ослепела откако нејзините веѓи и биле подложени на штетен хемиски третман во козметички салон во Ливерпул.

Со цел да ги затемни и оформи веѓите и било ставено восок, оставајќи и ги порите отворени за хемикалии. Нејзините веѓи добиле поинаква боја, а таа си заминала дома надевајќи се дека ќе ја вратат првобитната форма и боја.

Сепак веќе следниот ден веѓите и испаднале, а откако се прегледала, лекарите најавиле мала веројатност за истите повторно и пораснат.

„Мојот доктор ми пренесе дека доколку почекав уште некој период без да се прегледам, сум можела да ослепам“.

article-2249953-169037F7000005DC-421_634x473article-2249953-1690380B000005DC-348_634x478После неколку дена состојбата и се влошила, па кога повторно го посетила нејзиниот доктор едвај можела да ги отвори очите. И било кажано дека меките ткива околу веѓите и изгореле.

И биле пропишани антибиотици, но фактот дека е без веѓи целосно и ја уништило самодовребата, по што не сакала да излезе од својот дом. Од салонот каде што и бил извршен третманот жалат за нејзината состојба

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1