Пилешкото кое го јадеме е полно со вода и хемикалии


Повеќето луѓе кои купуваат пилешко од продавница не се свесни дека 30% од него е напумпано со солена вода, хемикалии за подобрување на вкусот и отпад од другите животни. Сето тоа производителите  го додаваат на пилешкото за тоа да добие на тежина и со тоа, секако си обезбедуваат дополнителен приход.

pileskoСо ова не само што потрошувачите се измамени, туку и им е загрозено здравјето, бидејќи пилешкото содржи 500% повеќе натриум.

Пилешкото месо содржи арсен, кокошките и пилињата се хранат со антибиотици, антидерепсиви, ацетаминофен и кофеин. Дури 20% од пилешкото е заразено од салмонела или кампилобактерија.

Уште во 2009 година е откриено дека тежината на пилешкото може да се зголеми така што во него се става животински отпад, како на пример коски и ‘рскавици од свиња или крава. Измамата е откриена од страна на Агенцијата за стандардна храна, со помош на новите здравствени тестови бидејќи материјалите кои се додаваат се обработени за да ги поминат ДНК тестовите. Ова е откриено во ресторани ширум Англија.

Друга истрага исто така открила нешто слично. При обработката на пилешкото често се ставаат протеини од други животни. Некои произведувачи се обидуваат да го прикријат овој факт со деконструкција на ДНК на другите животински материи, така што не може да се открие во тестовите.

Праксата на вбризгување на вода и протеини во пилешкото не е противзаконска, се додека е точно означено. Исто така не е противзаконско да се става и говедски и свински протеини се додека се означени како „хидролизирани протеини“. Овие протеини му се додаваат на пилешкото за тоа да може да задржи повеќе вода.

Голем број луѓе консумираат пилешко бидејќи сметаат дека е лесна и здрава храна; тоа и е вистина, доколку пилето доаѓа од место кадешто било природно растено. Но во повеќето случаи тоа не е така.

Факултети.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1