Обвинетите во „Монструм“ барале да убијат Македонци


Во Kривичниот суд во Скопје вчера под силно полициско обезбедување од истражните затвори во Битола и во Прилеп беа донесени Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, кои се обвинети за тероризам, а пред зградата на Судот беа повеќе роднини на обвинетите.


monstrumТие заедно со Алил Демири и Африм Исмаиловиќ на 12 април годинава, Велики четврток, без причина и свирепо ги убија матурантите Kире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, тврди Обвинителството. Главниот претрес првпат во историјата се снима тонски, со две камери во судницата.

Откако беше прочитано обвинението, обвинетите одлучија одбраната да ја изнесат на албански јазик, иако во истрагата тоа го сториле на македонски јазик.

Според обвинителниот акт, сите шестмина обвинети се товарат за тероризам, освен Хаки Азири, кој се товари за помагање. Обвинетите имале намера со загрозување на животот да создадат чувство на несигурност и страв кај граѓаните, па се договориле да убијат лица од македонска националност.

Терористите подолго време го разгледувале теренот околу Железарското Езеро и регистрирале колку лица и од која националност доаѓале таму, се вели во обвинението. Езерото било под концесија на Фејзи Азири, чичко на Хаки Азири, а кому по убиството му е одземена концесијата. Kритичната вечер Али Демири бил вооружен со пиштол, а браќата Исмаиловиќ со автоматски пушки. Тие дошле на езерото кога таму биле четирите момчиња и од оддалеченост од 1,5 метар ладнокрвно ги застрелале. Демири од пиштол испукал по осум куршуми кон нивните тела, а Африм и Агим ги изрешетале со по 13 куршуми од „калашниковите“.

Браќата со пет куршуми го застрелале и рибарот Стефановски додека бегал кон својот автомобил. Обвинетите избегале со два автомобила, а со нив биле уште неколку, засега непознати лица.

Dnevnik

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1