3 год дете нашло јајца во дворот и ги однел во соба – излегле отровни змии (Видео/Фото)


dete zmii

Тригодишниот Кајл Камингдодека си играл во дворот во семејната куќа во австралискиот град Таунсвил во Квисленд, пронашол јајца, ги земал и ги сокрил во кутија во плакарот во неговата соба.

По неколку недели, кога мајката на Кајл го средувала плакарот се стаписала кога пронашла седум австралиски кафени змии.

– Кајл имал исклучителна среќа што неговата мајка ги отркила младите змии пред тој да почне да си игра со нив или пред тие да пораснат доволно големи за да излезат од кутијата и плакарот, велат биолозите.

skynews_3712576729464-little-kyle-cumming-039-s-snake-collection

Австралиската кафена змија е отровна. При гризнувањето испушта мало количество отров, но е многу токсичен и предизвикува згрутчувања на крвта, ја блокира работата на нервниот систем и ги оштетува бубрезите.

Оваа змија е на второто место на листата најопасни змии во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1