Жена со пиштол влегла во владата и барала да го види вицепремиерот – се заканувала со самоубиство


Лилјана М. (54) утринава со пиштол се обидела да влезе во зградата на Владата на Србија, и барала итно да се види со потпретседателот Александар Вучиќ, јавува телеграф.

aleksandar-vucic_1356097137_420x0Откако забележале дека има пиштол, таа е разоружена и упатена на медицински преглед.

Лилјана М., на која своевремено и бил убиен синот, дошла вчера во Белград од внатрешноста на Србија со цел да дојде до Вучиќ и од него да побара помош.

Таа имала намера, доколку не успее да добие помош од потпретседателот на Владата, да изврши самоубиство.

Во намерата ја спречиле припадниците на Управата за обезбедување, кои по проверката со скенер откриле дека Лилјана М. Во чантата има пиштол.

Тие без употреба на сила ја разоружиле, а потоа ја упатиле на медицински преглед.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1