Атлетичарка признала дека била проститутка: Знаев што правам (ФОТО)


suzi2112

Трократната учесничка на Олимписките игри, Сузи ФејворХамилтон признала дека како проститутка заработувала по 600 долари на час

Бившата американска атлетичарка Сузи Фејвор Хамилтон, трикратна учесничка на Олимписките игри признала дека се занимавала со проституција, пренесуваат американските медиуми.

Хамилтон (44), која живее во Медисон, во државата Висконсин, изјавила дека во последните години водела двоен живот и дека работела во агенција за придружба во Лас Вегас, и дека како девојка на повик заработувала по 600 долари на час.

Suzi-Fejvor-Hamilton-2– Поминував низ исклучително тежок период во мојот брак и животот. Разбирам дека сум донела ирационални одлуки и презимам полна одговорност за нив. Јас овде не сум жртва, знаев што правам – изјавила Хамилтон на нејзиниот Твитер.

Хамилтон се натпреварувала за американскиот тим на Олимписките игри во 1992, 1996 и 2000 година, но без некој значаен успех.

Освоила седум американски национални титули.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1