Најслабата жена на светот има 25 килограми (Видео/Фото)


Најслабата жена на светот, Валерија Левитин, има само 25,4 килограми, после долги години држење екстремни диети. Висока е 172 цм, и според лекарските совети, таа би требало да има најмалку 56кг.

anoreksija4Валерија, која е родена во Русија, а сега живее во Монако, вели дека добила писма од обожавателки кои сакаат да го постигнат нејзиниот изглед.

– Добивав писма од млади девојки кои сакаат да ги научам како да бидат како мене. Сите писма кои сум ги добила се од жени, воглавно стари околу 20-тина години, кои ме гледаат како некој вид на инспирација, вели таа.

Допрена од писмата, Валерија одлучила јавно да прозбори за својата состојба и да учествува во кампањата за борба против анорексија.

– Одбивам да учам млади девојки како да умрат, истакнува Валерија.

Таа одлучила да ја сподели целата нејзина приказна со цел да им помогне на другите да ја избегнат нејзината судбина. Анорексијата ја направила, како што вели „осамена, непривлечна и одбивна за луѓето кои ја опружувале“.

Валерија верува дека целата приказна започнала со нејзината мајка која се плашела дека малата Валерија ќе стане предебела како некој нивен роднина. Од мали нозе и давала храна во строго измерени порции.

anoreksija2anoreksija3

Кога нејзиното семејство се преселило во Америка и кога почнале да ја задеваат за нејзиниот изглед, валерија започнала со радикални диети и до 23-тата година имала само 20 килограми. Толку долго избегнувала одредени намирници, како леб и шеќер што нејзиното тело повеќе не можело да ги свари.

anoreksijaanoreksija5

Валерија се надева дека ќе се врати во Москва и ќе основа семејство со помош на сурогат мајка.

– Би сакала да имам семејство затоа што чувствувам дека имам многу да дадам. Но не би било во ред да имам дете додека сум болна. Не би било чесно кон детето, вели Валерија.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1