Стискањето на градите може да го спречи ширењето на ракот (Видео)


Еве начин како да се борите против ракот на дојка – притискајте ги градите. 
squeezingbreastНаучниците од UC Berkeley пронашле начин како да ги компресираат малигните клетки на ракот на дојка и да го спречат неговото мутирање. Велат дека притисокот ги враќа клетките назад во нормална шема.

Овие научници развиле малигни клетки кои биле вбризгани во флексибилни силиконски комори. Откако го притиснале силиконот забележале дека клетките се вратиле во нивната првобитна фаза на раст. Така дошле до заклучок дека притисокот помогнал во стопирањето на нивниот неорганизиран раст. Водачот на итражувачкиот тим вели:

„Со векови е познато дека физичката сила има влијание врз нашите тела. Кога креваме тегови нашите мускули стануваат поголеми. Силата на гравитацијата ги одржува нашите коски силни. Овде покажуваме дека физичката сила има улога во растот и ревизијата на клетките на ракот.“

Космополитан магазин објаснува дека ова ново откритие го потврдува она дека „раното откривање е клучот“. Професорот даниел Фелтчер, кој ја води лабораторијата каде што биле изведени експериментите вели:

„Покажуваме дека ткивото е сензитивно на механички инпути од средината во почетната фаза на раст и развој… Раните сигнали, како притискање, покажуваат дека можат да ги вратат малигните клетки назад во правилна насока.“

Но научниците велат дека не го препорачуваат стискањето како третман, туку дека ова откритие само им отвара нови врати кон пронаоѓањето на терапија против рак на дојка.

Tags: , ,

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1