Македонија членка на ЕУ во 2020 година


Македонија наскоро ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Од Грција наскоро ќе биде побарано да го подигне ветото, оценува Ханс-Јирген Захорка, главен уредник на магазинот „Журнал за надворешни работи на ЕУ“ (Еuropean Union Foreign Affairs Journal – ЕУФАЈ) од Европскиот институт Либертас и добар познавач на ситуацијата во ЕУ. mk i eu– По извесно време од Грција ќе биде побарано во Министерскиот совет и во Европскиот парламент да го подигне ветото. Таа е на извесен начин под обсервација. Ако се чита меѓу редовите на последниот извештај на Европската комисија за Македонија, се гледа дека ЕК не е задоволна од Грција, бидејќи таа уште од 2009 се залага за почеток на преговорите, вели Захорка.
ЕУ, според него, не може да исклучи една земја членка, но една земја членка не смее да го блокира членството на една друга земја од Балканот, пренесува Дојче Веле. Кога вели наскоро, тој мисли на периодот од претходните проширувања, кој траеше 10 години, а Македонија веќе има поминато дел од тој период.

– Ако се пресметува на овај начин, пресметката на Европската комисија станува најверојатно реалност, односно заедничко влегување на сите земји од Балканот околу 2020 година. Проширувањето може да се случи порано или подоцна една или две години. Но, ако Македонија работи според принципот дека е фиктивна членка на ЕУ, таа може да го забрза периодот на зачленувањето во ЕУ, оценува Захорка.
Атина, како што вели тој, има неонационалистичка реакција, која воопшто не е достојна на европската мисла и од Грција како долгогодишна земја членка на ЕУ, очекува дека „ќе треба да покаже големина и сувереност да се отвори по прашањето за Македонија“.

Германскиот експерт се обидува да објасни која може да биде улогата на Франција и Германија во решавањето на проблемот со името на Македонија и нејзините евроинтеграции.
– Јасно е дека без договор меѓу Франција и Германија ништо не мрда во ЕУ. На приемот на Македонија во ЕУ, во двете земји не се гледа како на апсолутен политички приоритет, бидејќи има други актуелни прашања, како финансиската криза, која апсорбира многу капацитети и енергија. Двете земји можат да направат многу, посебно на внатрешниот национален план во однос на нивната политика кон Македонија и Грција, смета Захорка.

Според него, тоа што е во полза на Македонија е пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Тој притоа нагласува дека Македонија не ја исползувала многу таа пресудата за да ја запознае европската јавност дека пресудата не беше испочитувана од Грција.
Захорка ја истакнува и потребата за меѓусебно изучување на културите и јазиците од страна на соседните земји од Балканот и посебно да се дискутира продлабочено за „специфичноста на балканскиот национализам и идејата за европската интеграција“.

MIA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1