Полицаецот кој се обидел да спречи тепачка меѓу две групи малолетници го извлекол најдебелиот крај.
На улицата Ѓорѓи Димитров во Скопје во близина на ресторан во кој претходно се забавувале две групи малолетници се спречкале и се расправале. Полицаецот бил во близина и се обидел да спречи посериозен инцидент по што групата му се свртела нему и го нападнала.
Пред да дојде засилувањето полицаецот веќе се здобил со полесни повреди по лицето, а малолетниците се разбегале.
Напаѓачот е фатен и ќе добие соодветна пријава.