Макрадули ќе тепал, Милетиќ покажува среден прст, Дулиќ диригира – ова се нашите пратеници (Видео/Фото)


Едни пеат, други се закануваат, трети нервозни, четврти со вувузели и кренати раце. Наместо полемика слушаме собраниски хор, лопови, етикетирање новинари. И едните и другите денеска се буквално срам за Македонското собрание.

ВИДЕО: ЕВЕ КАКО ЗВУЧИ ,,СОБРАНИСКИОТ ХОР,,

miletic-2

По денешното хорско пеење во јавноста излезе и фотографија на која Драгиша Милетиќ, пидер на српските радикали во Македонија го покажуваше средниот прст.

Милетиќ не објасни кому му се обраќаше на овој начин.

Пратеникот на СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули пак и се заканил на Благородна Дулиќ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на  Законодавно правната комисија, објави Курир.

-Нема да гледам машко или женско, старо или младо, ќе има крв. Со овие зборови Макрадули и се заканил на Дулиќ, која за Курир го потврди инцидентот.

Од друга страна а1он го обвини пратеникот Илија Димовски дека на денешната прес конференција ги етикетирал новинарите од овој портал дека поставуваат прашања во корист на СДСМ.

Се на се – ЦИРКУС

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1