Македонија ги продава касарните


Министерството за одбрана на Македонија објави дека во наредните 8 години ќе отуѓи 10 караули, воени магацини и објекти од својот ресор, пишува српски Новости.

reg-makedonijs-kasarne_620x0Новости се повикува на екслузивни информации од македонското министерство и вели дека до во подготовка е план за продажба на 40 караули, 15 бизнис простории, 13 магацини и 2 дома на армијата како и 3 ресторани и две фарми.

Според проектот ,, стари касарни за нов развој,, од 2010 на локалната самоуправа и е доделено околу 12 касарни и земјиште како и домови на армијата. Но проектот е оценет како контраверзен поради сомнение дека имало злоупотреба и неговата реализација докрај е прекината, пишува Новости. Тие потсетуваат дека државните ревизори откриле дека армиски објекти се издавани под кирија по багателни цени а биле раскинати дури 50 такви договори по што во 2007 следел попис на имотот,

Според овој попис Македонија има 611 несуштински објекти и парцели вредни околу 53 милиони евра меѓу нив 37 караули, 12 касарни, два воени кампови на езерата, 20 магацини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1