Поплавен југозападниот дел на Англија


Неколку десетици граѓани морале да ги напуштат своите домови поради големите поплави кои го зафатија југозападниот дел на Англија, во Велс и Шкотска, кои значително го блокираа сообраќајот во овие предбожиќни денови.


poplava anglijaВо Девон и Корнвол дождот престана да врна, но локалните власти и понатаму се внимателни поради најавите за нови врнежи во текот на ноќта.
Во селото Стоук Кенон, жители од 25 куќи морале привремено да заминат од своите домови поради излевање на реката Ексеа, главната улица во селото е затворена, а пожарникарите ја испумпуваат водата.
Во Корнвол локалните власти соопштија дека добиле информација за околу 170 имоти кои се наоѓаат под вода.
Спасувачките екипи регистрирале огромен број на повици, а најчесто станува збор за спасување на возачи од автомобили „заробени“ во вода.
Поради невремето откажани се многу железнички линии во различни делови од земјата.
Метеоролозите најавија нови врнежи од дожд, но послаби отколку претходните денови.

миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1