2012 година Американците сигурно ќе ја запамтат по неколку ужасни масовни престрелки, а најмногу по пукањето во Њутаун во кое тинејџер уби мали ученици. Тука е и масакрот на полноќната премиера на филмот Бетмен, како и масакрот во еден храм. Светот го шокираше и едно ужасно убиство на семејство во француските Алпи, убиствата во Тулуз, бомбашкиот напад пред женската гимназија во јужна Италија. Ова се убиства за кои во 2012 година пишуваа сите медиуми.
Ужасното убиство во септември ја шокираше Европа.
На пат во француските Алпи велосипедист наишол на БМВ со тројца мртви. Покрај патот било телото на застрелан велосипедист, а преживеале само две деца од 7 и 4 години. Помладата сестра, дури осум часа се криела под мртвите тела на бабата и мајката на задното седиште на автомобилот. Обдукцијата подоцна покажала дека 50 годишниот Саад Ал-Хилли, неговата сопруга (50) и нејзината мајка (70) биле убиени со два куршума во глава. Откако биле потврдени идентитетите на жртвите, главната истрага се одвива во Велика Британија. Истражувачите се обидуваат да ги дознаат сите околности кои довеле до ужасните убиства.
Заинаб Ал-Хили, седумгодишна Британка која останала без родители во пукањето во француските Алпи, која рекла дека нејзиниот татко стоел покрај неа кога ги нападнал убиецот.
Нејзиното сведочење помогнало на истражувачите да добијат јасна слика за она што се случило. Деталите од новиот балистички извештај кои „протекоа“ во францускиот весник Ле Парасиен упатуваат на тоа дека 45 годишниот француски велосипедист Силваин Молиер, кој инаку е вработен во нуклеарна индустрија, бил примарна цел. Се верува дека убиецот прво се обидел да го убие велосипедистот, а потоа забележал дека во близина паркирал таткото на Заинаб.
На чевлите на Ал Хили било најдено кал, што упатува на тоа дека тој бил надвор од автомобилот. Набрзо се вратил во возилото, ги заклучил сите врати и се обидел да се оддалечи од местото, но наместо напред тргнал назад и со тркалата заглавил во кал. Според пишувањето на британските медиуми, со тоа му дал можност на напаѓачот да ги убие патниците во автомобилот, а потоа се вратил да го убие велосипедистот.
Обвинителот Ерик Маилауд кој ја води истрагата потврди дека Ал Халил излегол од автомобилот со Заинаб, но негирал дека од тоа биле изведени какви било заклучоци.
– Девојчето се сеќава на важни факти и нејзиното сведочење е клучно – рекол еден неименуван истражител и додал дека сведочењето на девојчето се поклопува со до сега откриените докази.
Во почетокот на годината уште едно страшно убиство ја потресе Франција. Исламистичкиот терорист Мохамед Мерах, во период од неколку дена, во Тулуз ладнокрвно уби седум лица, меѓу кои и три деца. 23-годишниот Французин со арапско потекло, кој тврдел дека припаѓа на Ал Каеда, прво на 11 март уби еден војник во Тулуз, уште двајца на 15 март во Монтаубан, а потоа наставник и три деца во еврејско училиште во Тулуз.
Мохамед го усмртил снајперски куршум во глава! Викал Алах е голем
Последното убиство, по кое конечно бил и уапсен, се случило на 19 март околу 8 часот наутро. Мохамед Мерах во приватно еврејско училиште го убил 30 годишниот проферо по религија Џонатан Сандлер од Ерусалим и неговите два сина 3 и 6 години, како и 10 годишно девојче.
Војска со специјалци и полиција се обиделе се да направат да го фатат Мерах жив, но на крај тој се одлучил да умре со оружје во раце, а успеал да повреди уште двајца полицајци. Тулуз и Франција воздивнаа дури по 32 часа драма, која ја потресе државата.
Обвинителот за случаи на тероризам, Франсоа Молинс, на конференција за новинари ги навел деталите на акцијата. Вели дека нашле видео од сите убиства и дека Мохамед Мерах бил убиен со снајпер во глава кога се обидел да избега.
Вели дека 23-годишниот Мохамед носел панцир и дека во моментот на влезот на полицијата во станот тој испукал 30 куршуми од пиштол Колт 45.
Молинс рече дека Мохамед, кој бил од алжирско потекло, станал радикален исламист во затворот каде често го читал Куранот, Би-Би-Си го пренесува Ле Монд. – Ти ги убиваш моите браќа, јас ќе те убијам тебе – изјави на конференцијата за новинари Молинс. На останатите видеа кои биле снимани во текот на убиствата зборува Алах Акбар! (Алах е голем).
Францускиот премиер Филон: Не можевме порано да го уапсиме Мерах!
Францускиот премиер Франсоа Филон изјави дека не постоел ниту еден елемент кој би дозволи апсење на Мохамед Мерах пред убиството во Тулуз, бидејќи Фрација е правна држава. Но, се открило дека Мерах бил на американска листа на лица на кои им е забрането патување со авиони, поради сомневање дека можат да изведат терористички напад, изјавиле американски политичари. Тој американски попис е најрестриктивна црна листа која ја користат американските власти за да спречат потенцијални патници да влезат во авиони кои летаат внатре во САД, кон земјата или од неа со цел да спречат евентуална терористичка акција во самите авиони.
На кого убиецот од Тулуз се јавувал во Хрватска?
Подоцна се открило дека исламистичкиот терорист Мохамед Мерах не бил изолиран како што се сметало на почетокот на истражувањето околу неговиот живот. Од септември 2010 година до февруари 2011 година направил 2.000 телефонски повици, од кои 200 на лица кои живееле во 20 странски земји. Убиецот на скутер испраќал и смс пораки во Египет на братот Абделкадер. Другите телефонски повици Мерах ги водел со таткото во Алжир и со други лица во Велика Британија, Шпанија, Брегот на слонова коска, Кенија и во Бутан. Интересно, на листата на неговите повици било и лице од Хрватска.
Страшен масакр ја шокираше Америка, но и светот овој јули. Џејмс Холмс во кино во Колорадо, на премерата на филмот за Бетмен уби 12 и рани 58 лица, а најмладата жртва имаше само 6 години. Тоа беше полноќна премиера на филмот, а Холмс дошол облечен во долг капут. Влегол во кино салата низ излез за тоалетите и фрлил солзавец, ставил гас маска и почнал да пука по посетителите. Потоа следела и експлозија, а полицијата го уапси на паркингот.
Три девојки од киното излегле со полесни повреди, иако биле на нишан на убиецот. Нивните момчиња им ги спасиле животите заштитувајќи ги со нивните тела.
Холмс 24 годишен студент на неврологија, подоцна рекол на полицијата дека во својот стан поставил стапици и експлозив, па таму биле пуштени роботи кои го снимиле станот со камера. – Проблем е како безбедно да се влезе во тој стан. Јас лично никогаш не сум видел нешто слично на она што го видов на снимените материјали – рече тогаш шефот на полицијата Дан Оатес.
– Таму има многу жици, детонатори, запалки, стаклени садови полни со муниција, стаклени садови преполни со некакви течности и слично. Голем предизвик ни е да влеземе во тој стан, а да сме целосно безбедни – рече тогаш Оатес. По неколку часа на евакуација од околните згради, експлозивните направи успешно биле деактивирани.
По крвопролевањето во Аурора, за дури 41 отсто се зголеми бројот на барањата за проверка поради купување на оружје. – Само четири дена по пукањето во Аурора продавачите на оружје добиле дури 3.647 барања за државна проверка која е потребна за да се купи огнено оружје – рече тогаш портпаролот на ФБИ во Колорадо Сузан Медина.
Цртежите на убиецот, кој го прикажуваат планираниот масакр во киното, нема да бидат доказ на суд?
Холмс бил под надзор на психијатар кој му испратил тефтер со цртежи кои го прикажуваат планираниот масакр, навел еден од неговите адвокати во документите испратени до судот.
Две недели по масакрот во киното, уште едно масовно пукање го шокираше САД!
Храмот на сиките во Милвоки, ова лето беше место на масовни престрелки, во кои беа убиени 6 луѓе. И тоа само две недели по ужасното убиство во киното на премиерата на филмот Бетмен во Аурора во Колорадо. Сведоците тогаш изјавија дека напаѓачот почнал да пука веднаш кога во недела во 10:30 по локално време влегол во кујната во храмот, каде жените подготвувале неделен ручек, а верниците почнале да бегаат. Четири лица биле убиени во храмот, додека три, вклучувајќи го и напаѓачот биле убиени надвор. Напаѓачот од заседа почнал да пука на полицаец кој го пријавил случајот и помагал на жртвите во нападот, рече тогаш Џон Едвардс, началник на полицијата во Оак Крик. Друг полицаец го уби напаѓачот.
Напаѓачот е идентификуван како Вејд Мајкл Пејџ 40 годишен човек, кој шест години служел во американската војска, а овој вооружен поход, кој резултирал со смрт на седум лица, Америка го прогласи за чин на домашен тероризам.
За жал, ова не беше последен ваков масакр во САД. Уште пострашен, бидејќи во него беа убиени мали деца, се случи во декември. Полудениот тинејџер Адам Ланза, во основно училиште во Њутаун, во сојузната држава Конектикат, уби 20 деца и седум возрасни лица, меѓу кои и својата мајка, а потоа се самоуби. Се проценува дека испукал над 100 куршуми пред да си пресуди самиот на себе.
Во американската историја ова е втор најголем масакр во некоја образовна институција. Покрвав бил масакрот на факултетот Вирџинија Тек во 2007 година со 32 мртви.
По масакрот во Њутаун се поголем број Американци апелираа за зголемена контрола на оружјето
Процентот на Американците кои сакаат построги закони за поседување на оружје се зголеми по масакрот во Конектикат, во кој беа убиени 20 деца, покажаа резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос.
Претходно планираното истражување е спроведено на 1.395 испитаници од 11 до 13 декември, а откако се случи масакрот истражувањето се повтори на 1.198 лица од 14 до 17 декември. Процентот на испитаниците кои бараа закони кои би ги обврзале продавачите на проверка на лицата пред да им продадат огнено оружје, пораснал за 7 процентни поени, од 77 отсто во истражувањето пред масакрот на 84 по убиствата во училиштето.
Се зголеми и бројот на тие кои ги поддржуваат законите кои ограничуваат продажба на автоматско оружје за 6 процентни поени, од 54 на 60 отсто по масакрот. Американските законодавци од 1994 година не го усвоија важниот сојузен закон за оружје, а забраната за продажба на некои полуавтоматски пушки истекла во 2004 година.
Стравично убиство во мај ја шокираше и Италија. Една гимназијалка смртно настрада, а 5 ученици беа ранети во експлозија на бомба пред гимназија во Бриндизи на југот на земјата.
Гимназијата инаку носи име на судијата Џовани Фалконе, жесток борец против мафијата и неговата сопруга Франческа Морвиљо Фалконе. Двајцата, заедно со тројца чувари беа убиени на 23 мај во 1992 година во атентат на сицилијанската мафија, кога 500 кг. динамит експлодирал на автопатот меѓу аеродромот во Палермо и центарот на градот.
Одговорноста за убиството подоцна го презема 68 годишниот Џовани Вантаџиато од местото Копертино покрај Лече на југот на Италија. Овој пензионер инаку е сосптвеник на продавница за плински боци.
dnevnik.hr/Миа