Воздржаност од секаков вид на насилство, а наместо тоа да се искористат правните мерки кои се на располагање во земјата за да се изнајде мирно решение на политичките недоразбирања.
Ова се однесува на сите политички чинители, нивните политички партии и на целата јавност, истакна Наталија Дрозд, раководител на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
– Мисијата на ОБСЕ апелира до сите партии да ја почитуваат функцијата на парламентот како место за мирен политички дијалог и да се воздржат од насилство. Исто така, критички е важно да се почитува правото на новинарите да ги извршуваат своите професионални обврски – вели амбасадорката Дрозд.