Писмена реакција на Иванов


gorgeСо писмена реакција се огласи и претседателот на државава Иванов за вчерашните случувања во собранието.

Тој меѓу другото жали за настанатата ситуација и за инцидентот со новинарите и вели дека се оствариле неовите предвидувања од годишното обраќање дека неодговорното однесување на опозицијата може да донесе последици.

– Очигледно моите апели не беа послушани. Уште еднаш ќе повторам. Не може целото општество да биде заложник на неодговорно однесување. Кога станува збор за интересите на граѓаните и за непреченото функционирање на државата, тогаш нема простор за парцијални интереси. Во демократијата може да постојат политички пријатели и политички непријатели, но политичките актери не смеат да се гледаат низ призмата на душмани. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми. Но, решенијата мора да се наоѓаат во институциите на државата од страна на оние избрани за тоа – стои во писмената реакција на претседателот Иванов.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1