Русинките што работат во Иран добиваат пари за да носат фереџе


rusinka Властите во Иран им плаќаат паричен надомест на Русинките кои работат како техничари во единствената нуклеарна централа во земјата да носат фереџе и традиционална исламска носија, изјавил еден ирански пратеник за новинската агенција ИСНА.

Жените во Иран, било да се Иранки или странки, должни се да го покријат лицето но и поголемиот дел од телото. Оние што не го прават тоа многу лесно може да бидат уапсени или казнети на некој друг начин.

– Врз основа на договорот кој со нив е потпишан, тие се должни да ја покријат главата и поголем дел од телото, а за тоа добиваат дополнителен паричен надомест, изјавил Мехди Мусавинеџад, пратеник од јужната провинција Бушер.

– За жал тие не се придржуваат на договорот, објаснува тој, критикувајќи ја власта сто Русинките кои работат во нуклеарната централа не ги контролираат со построги мерки.

Не наведувајќи го износот од надоместокот за почитување на исламскиот „Dres kod“, Мусавинеџад ги повика руските државјанки да си ги преземат договорените обврски.

Шеријатскиот закон ја дефинира исламската облека како покривање на целото тело, особено лицето и рацете. За исламистите тоа претставува симбол на скромност и морал.

Овие правила се применуваат во Иран и Саудиска Арабија, каде од жените се бара секогаш да ја носат оваа облека кога се во јавност.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1