Поради снежните бури во Тексас, Арканзас, Оклахома, Мисисипи, Луизијана и Алабама, без електрична енергија Божиќ го поминаа над 100.000 лица.
Поради лошите временски услови биле откажани 210 авионски летови ширум САД, Торнадото во градот Мобајл, во државата Алабама, однесе покриви на куќи и дрвја, а предизвика и прекин на струјата. Поради замрзнатите патишта во Оклахома биле предизвикани повеќе сообраќајни несреќи, од кои во еден верижен судир учествувале 21 возило.
Во невремето кое го зафати овој дел на САД загинаа три лица.