Туристите кои заминаа во Гватемала за“крајот на светот“ го оштетиле стариот споменик во националниот парк Тикал, најголемото археолошко наоѓалиште и урбан центар на цивилизацијата на Маите.
“За жал, многу туристи се качувале на храмот и предизвикале штета. Го разбираме прославувањето, но туристите би требало да бидат свесни дека ова наоѓалиште е под заштита на УНЕСКО“, рекол Освалдо Гомез од наоѓалиштето оддалечено 550 километри северно од Гватемала.
Тој не прецизирал што конкретно е уништено, но рекол дека е забрането качување по скалите и дека штетата не може да се надомести.
Храмот кој е висок 38 метри и гледа на централниот дел на Тикал е дел од главната структура на наоѓалиштето.
Во петокот беше одбележан крајот на ерата на Маите што траела 5,200 години. Некои веруваа дека овој крај воедно ќе значи и крај на светот.
Нетпрес