Како авион: Кинески супербрз воз поминува 2.300 километри за само 8 часа – Видео


voz1Во Народна Република Кина денеска, на роденденот на починатиот лидер Мао Цетунг, пуштена е во сообраќај најдолгата линија на супербрз воз во светот, која ќе ги поврзува Пекинг и Гуангџу на југот од земјата. Супербрзиот воз почна да сообраќа утрово од 09 часот по локално време од Пекинг кон Гуанџу, а уште еден воз тргнал во спротивна насока еден час подоцна.

voz2

Железницата е главно превозно средство во Кина која се простира на 9,64 милиони квадратни километри, а според површина Кина е трета држава во светот.

voz3

Линијата е долга 2.298 километри, некои делови биле и порано во функција, а патот од Пекинг до економскиот центар на југот од земјата ќе биде преполовен со овој воз кој се движи со брзина од дури 300 километри на час, а патот од околу 2.300 километри овој воз го поминува за само 8 часа.

voz4

Линијата е проектирана за максимална брзина од 350 километри на час, истата има 35 станици во повеќе градови. Според податоците на Министерството за железнички сообраќај, оваа пруга ќе го зголеми теретниот сообраќај меѓу Пекинг и Вухан за 20 милиони тони.

voz5

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1