Надал се откажа од Абу Даби


Шпанецот и покрај сите најави сепак нема да се врати на тениските терени на егзибицискиот турнир во Абу Даби на крајот на овој месец.

tenisВеќе некое време турнирот во Абу Даби, кој се игра од 27. до 29. декември, требаше да го одбележи камбекот на Рафаел Надал по паузата од речиси сеудм месеци поради проблемите со коленото.
Иако неговото учество на егзибицискиот турнир сè до денеска беше сигурно, Шпанецот во последен момент се повлече од настапот. Причина, за негова среќа, не се нови проблеми со коленото туку стомачниот вирус со кој се бори изминативе неколку дена.

„Многу сум разочаран што нема да можам да настапам во Абу Даби. Бев многу возбуден поради моето враќање на теренот, а и секогаш убаво сум си поминувал на овој турнир. Она што во моментов е битно е тоа дека моето опоравување тече според планот. Коленото ми е во добра состојба и со нетрпение го очекувам својот камбек. За жал, лекарите рекоа дека ми е потребен одмор поради стомачниот вирус. Им се извинувам на сите мои навивачи ширум светот и во ОАЕ и се надевам дека следната година ќе можам да настапам во Абу Даби“ – изјави Надал, кој нема настап од елиминацијата на стартот на Вимблдон од анонимниот Чех Лукаш Росол.

извор он.нет.мк

Перица Гиевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1