Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ, од Атина, на македонски јазик им ја честиташе Новата година и Божиќ на сите негови фанови.
„Среќни Божиќни празници, среќни Новогодишни празници, Ви пожелувам на сите, да сте живи и здрави, да имате многу среќа и многу љубов во Новата година“, кажа Перо Антиќ на македонски јазик, во Божиќната порака што секој кошаркар на Олимпијакос ја искажа по повод празниците…
Извор – Екипа.мк