Археолозите тврдат нашле ново место каде се родил Исус


Илјадници христијански верници се собраа во Витлеем во понеделникот ноќта за да го прослават раѓањето на Исус, настан во градот на Западниот Брег, но израелските археолози сега велат дека постои силен доказ дека Христос бил роден во друг Витлеем во мало село во Галилеја.

isus ragjanje
Околу 160 милји северно од каде што верниците се собирале пастирите и понатаму ги воделе своите стада низ зелените ридови, а малкумина го знаеле селото со чудно име Витлеем од Галинеја. Сепак археолозите кои пронашле археолошки докази велат дека ова место е всушност вистинското родно место на Христос.
„Мислам дека ова е вистинското место, а не она во близина на Ерусалим“, вели Авирам Осхри, археолог од Израелската Управа за антиквитети.
Изградбата на патот до селото доведе до откривање на доказите, дека Витлеем во Галилеја може да има посебно место во историјата.
„Истата била населена со Евреи. Знам дека тие се Евреи, бидејќи овде ги најдовме остатоците од производството на камени садови, а истите ги имаат користени само Евреите во времето на Исус“, вели Осхри.

Тој исто така ги открил артефактите, кои покажуваат дека неколку века подоцна, заедницата станала христијанска и има изградено голем број на богато украсени цркви. Тој вели дека постојат значајни докази дека во раното Христијанство, овој Витлеем е славен како родното место на Христос. Царот Јустинијан дал наредба да се изградат ѕидови околу истото со цел да го заштити. Урнатините од овие ѕидови до ден денес го опкружуваат истото како уште неколку кои што се наоѓаат во негова близина во Галилеја.

Тој смета дека голем број на научници го проучуваат овој период заклучувајќи дека токму родното место Витлеем е на Исус Христос.
„Има многу поголема смисла дека Марија јавала на магарица, во периодот кога била при крајот на бременоста. Од Назарет до Витлеем на Галилеја има само 7 километри, за разлика од Витлеем кој што стите го знаат како родното место на Исус, до каде што има неверојатни 150 километри“, вели Осхри.
Тој додава дека постои доказ дека другиот Витлеем на Западниот Брег, кој Израелците го нарекуваат Јуда, не бил населен во I век.

Пол Фредиксен, американски научник кој го проучува историскиот Исус, вели дека раното христијанство го земал во предвид Витлеем во Јудеја во IV век, кога царот Константин го прогласил христијанството за официјална религија во Римската империја.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1