Маглата го отежна одвивањето на авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Неколку летови се откажани, одложени или пренасочени.
Претпладневните летови на Пегасус и на Аустријан ерлајнс од Истанбул и од Виена, наместо на скопскиот аеродром, се пренесочени на аеродромот во Приштина. Откажано е и слетувањето на „Виз ер“ од Мимингем.
Маглата предизвикува проблеми и во одвивањето на патниот сообраќај. Според ЈП „Македонија пат“, појава на магла со видливост до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Струмица, Неготино – Демир Капија и на патниот правец Катланово-Велес и обратно. По клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Д.Капија и Катланово-Велес.