Маглата им прави проблеми на авионите на скопскиот аеродром


Маглата го отежна одвивањето на авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Неколку летови се откажани, одложени или пренасочени.

maglaskopjeПретпладневните летови на Пегасус и на Аустријан ерлајнс од Истанбул и од Виена, наместо на скопскиот аеродром, се пренесочени на аеродромот во Приштина. Откажано е и слетувањето на „Виз ер“ од Мимингем.

Маглата предизвикува проблеми и во одвивањето на патниот сообраќај. Според ЈП „Македонија пат“, појава на магла со видливост до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Струмица, Неготино – Демир Капија и на патниот правец Катланово-Велес и обратно. По клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Д.Капија и Катланово-Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1