Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска на предновогодишното обраќање пред партските членови изјави дека и покрај последните настани во Собранието пратениците од оваа партија остануваат во Парламентот.
– Не сакам да оспорувам некој да биде газда или шеф на сите македонски опозициски партии, но сакам да го оспорам моментот на некои мали политички партии на Албанците кои се нарекуваат опозиција. Влегувњето во таквиот табор на македонската опозиција им оспорува веќе да зборуваат за правата на Албанците, изјави Тачи.
Лидерот на ДПА рече дека очекува победа на локалните избори закажани за март следната година, како и одржување предвремени парлментрни избори во првите шест месеци од 2013 година.
Во однос на партиските активности, според него ова било година на голема загуба за ДПА поради смртта на Арбен Џафери, но и многу важна за партиското консолидирање.
Mia