Современиот живот ја убива машката плодност


Забрзаното темпо на модерниот начин на живот, лошата исрана или нездравото опкружување го земаат својот данок. Бројот на сперматозоиди опаднал за третина за само 17 години, што неминовно доведува до пораст на неплодноста, покажуваат истражувањата на француските експерти.

Plodnost 5

Количината на сперматозоиди кај французите, паднале за третина во периодот од 17 години, односно од 1989 до 2005 година, тврдат авторите на истражувањето кое го спровеле на 26,600 мажи.

Бројните истражувања покажале дека тоа не е специфичност само на оваа националност, туку дека станува збор за опаѓање на репродуктивните здрави мажи на глобално ниво.

Научниците потенцираат дека станува збор за сериозни здраствени проблеми кои ги погаѓаат припадниците на сите нации.

Последното истражување покажало дека бројот на сперматозоидите по милилитар паднал на 1,9% на годишно ниво, односно вкупно за третина во една година.

Plodnost  1Истражувачите кои ја направиле студијата потенцираат дека токму модерниот живот и хемиските влијанија од околината се причина за ваквото намалување.

Во изминатите дваесет години направените истражувања покажуваат на тоа дека еден од пет млади луѓе имаат недостаток на концентрација за плодноста на семето.

Професорот Ричард Шарп од Универзитетот во Единбург, изјави дека нешто во модерниот живот, исхраната или животната средина очигледно пречи на здравјето и плодноста кај мажите.

Plodnost 3
Иако научниците се уште се прашуваат за што станува збор за причината, сите одоговори веројатно потекнуваат од горенаведеното.

Најновата француска студија ги анализира податоците добиени од 126 центри за вештачко оплодување кои се проследени од француската национална база.

Истражувачите ги испитувале примероците од спермата на мажите од 18 до 70 години чиј партнери биле загрижени за нивната неплодност.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1