Според статистиките во 2012 година во светот имало 2 милијарди луѓе кои дневно преживуваат со помалку од два долара дневно.
Милијардери во светот има над 1.000, прв на листата е Карлос Слим.
Најмногу милијардери имс во Америка (412), во Кина (115), во Русија (101) и во Индија (55).
Во Латинска Америка најмногу милијардери има во Бразил (30), Мексико (11).
Обединетите нации неодамна предложија формирање на данок за милијардери кој би изнесувал еден одтсто на нето приходите, над милијарда долари и со кој би се донел приход помеѓу 40 и 50 милијарди долари годишно.
Франција пак се обиде да воведе 75 насто данок за најбогатите французи кој заработуваат над милион евра годишно, но овој закон падна на уставниот суд. Дека богатите не се расположени а даваат од своето богатство говори и фактот дека голем број познати богати французи веднаш побараа државјанства од други земји и се заканија дека ќе го вратат францускиот пасош.