Парична казна за навредливи коментари на Фејсбук воведе Хрватска


Навредите, клеветите во Хрватска од денеска стануваат кривично дело и во електронскиот свет. Ова конкретна измена не се однесува само на анонимните форумџии, туку и на оние кои го кршат кривичниот закон во кој било друг облик. 

fejsbuk-svaleracija-1356349461-244955Навредливите коментари и ширењето на омразата на порталите, форумите и друштвените мрежи ќе се казнуваат зависно од примањата.
Комјутерите од нова година, во кривичниот закон ќе имаат и посебно поглавје во кое е предвидена казна затвор и за оние кои што ќе се обидат да хакнат некоја мрежа.
„Луѓето едвај крпат крај со крај, а сега мораат да плаќаат и за вакви глупи работи“, прокоментирал еден граѓанин.
Оние кои што сакаат да ги демнат естрадните или филмски ѕвезди можат да завршат во затвор и до една година.
На овој начин луѓето сметаат дека хрватските закони ќе направат да се ограничи употребата на интернет. Хрватските закони се прават за истите да се почитуваат, но на кого му одговара ваквиот ред е друго прашање велат граѓаните. Затоа што голем број на донесени закони не се прават за нив, туку против нив.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1