Локален политичар кој изгубил на изборите, ги изгубил и живците па излегол на улица во четвртокот и пукал на сите страни неконтролирано. Убил 7 лица, ранил шестмина, во филипинскиот град Кавиту во близина на Манила.
Роналд Бае (30) годишен бил кандидат за претседател на општината, но не успеал на изборите. Пукал во близина на пазарот, а меѓу жртвите има и една трудница и 7 годишно девојче.
Полицијата веднаш реагирала и го застрелала политичарот кој починал на самото место, јави BBC.
Политичарот претходно бил во бар каде се опијанил, отишол дома по оружјето и се упатил кон пазарот. Се уште не е познат мотивот зошто политичарот одлучил да убие недолжни граѓани.