Родителите на шестгодишно момче од Силвер Спринг се борат против суспензијата која што му ја доделило државното училиште од областа Монтгомери на нивниот син, поради тоа што ги прекрстил прстите како пиштол и посочил кон една од неговите соученички и извикал „Пау“.
Ваквата суспензија дојде во период кога нацијата се опоравува од масакрот во кој загинаа 20 деца и шест членови на персоналот во основното училиште во Њутаун, Конектикат, по што голем број на родители, наставници и политичари почнаа да дебатираат како училиштата би требало да им ја овозможат својата максимална заштита и безбедноста на децата.
Адвокатот на семејството на шестгодишното момче, се изјаснил дека неговиот клент не бил склон кон насилство и дека бил мирно и кротко дете кое што не заслужило ваква суспензија.
Медиумите веќе на големо кренаа прашина по ваквиот настан, говорејќи дека со ваквата суспензија нема да се подобри безбедноста во училиштата и дека всушност за ваквиот потег треба подлабоко и посуштински да се навлезе, за да се види причината поради која тој настанал. Преголемиот број на насилства кои што им се прикажуваат на децата уште во најраните возрасти, доведуваат до тоа, да нивната имагинација ја демонстрираат на ваков начин.
Претставниците на училиштата признаваат дека суспендирањето е сериозна работа, особено на студент кој што е во раната фаза на своето образование, додавајаќи дека претставниците на училиштата мора да се справат со ваквото однесување кое влијае на чуството кај училишниот кадар за безбедноста и сигурноста на останатите деца. Низ регионот во Вашинготн, училишните системи ги имаат суспендирано илјадници студенти уште во раните фази на нивното образование.
Во случајот со првооделенецот, од училиштето посочија дека родителите добиле и претходно писмо од заменикот директор на школото, во кое се вели дека нивниот син се заканил дека ќе пука во студент и дека тој веќе зборувал претходно со него за вакво слично однесување.
Одговорајќи на прашањата на адвокатот на детето, од училиштето посочија повеќе детали во кои што јасно може да се увиди дека помошникот директор веќе предупредил еден од родителите дека однесувањето на нивниот син може да предизвика истиот да биде суспендиран.
Суспензијата доаѓа во период кога Мериленд државниот одбор за образование се подготвува за финалното гласање во следните неколку недели, за предложените мерки и прописи кои ќе ја трансформираат употребата на суспензиајта, за помали прекршоци во школите.